Се носи закон за партиски истражувачко-аналитички центри

Илустрација.

Политичките партии ќе формираат истражувачко-аналитички центри со цел да се зајакне демократскиот и аналитичкиот капацитет на партиите и да се зголеми просторот за јавна дебата, анализи и политички дијалог во државата.

Ова е предвидено во Предлог законот за партиски истражувачко-аналитички центри предложен од парламентарното мнозинство, кој денеска ја доби потребната поддршка во прво читање на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.