Бериша: Албанија ќе ги преразгледа односите со Србија

Владата на Албанија ќе ги преразгледа односите со Србија, изјави премиерот Сали Бериша откако беше отстранет споменикот на борците од Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓа.
Албанското Министерство за надворешни работи го осуди кршењето на српски споменици и гробови во некои реони во Косово и ги повика Албанците на воздржаност.