ОН и Брахими со критика до земјите кои и продаваат оружје на Сирија

Припадници на бунтовничките сили во Сирија

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и меѓународниот преставник за Сирија Лахдар Брахими упатија критика до „надворешните сили“ кои ги снабдуваат со оружје властите и бунтовниците во Сирија. На средбата во Њујорк тие не кажаа конкретно за кои земји се работи.
Меѓутоа Русија и Иран ја снабдуваат со оружје владата на сирискиот претседател Башар ал Асад. Сириските власти пак ги обвинуваат Катар, Турција и заливските земји за продажба на оружје на опозицијата.