Парламентарни избори во Израел

Војник гласа во една воена база во јужен Израел

Израелците денеска ќе гласаат на парламентарните избори во земјата. Анкетите покажуваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху уште еднаш ќе ја добие најсилната позиција во Парламентот, но балансот меѓу неговите коалициони партнери најверојатно ќе биде значително променет.
Ултранационалната еврејската партија на Нафтали Бенет беше изненадување во кампањата досега и тој е опишан како новата рок ѕвезда на израелската политика.