Груевски и Црвенковски утре на лидерска средба

Архивска фотографија: Средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски.

Лидерска средба меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски, ќе се одржи утре во Клубот на пратеници, јавуваат македонските медиуми. Според телевизијата 24 вести, Црвенковски ја прифатил поканата за средба од Груевски. Тие треба да разговараат за актуелната политичка криза. Освен двајцата лидери ќе присуствуваат и највисоките претставници на двете партии. Во СДСМ велат дека Црвенковски ќе ги претстави сите услови за опозицијата да не ги бојкотира локалните избори.