Албанските издавачи незадоволни од државната поддршка

Илустрација.

Здружението на албански издавачи(ЗАИ) е незадоволно од Годишната програма на Министерството за култура и бара поништување на резултатите за поддршка на издавачката дејност.

„Од вкупно 390 книги усвоени за поддршка во рамките на Програмата за издавачка дејност, 88 книги се на албански јазик. Врз основа на процентот на поддржаните наслови се добива впечаток дека е постигнат пропорционален процент, но по детално разгледување на објавените резултати излегува на виделина дека кај македонските издавачи има многу поддржани наслови од „група автори“, како и еден проект од седум и повеќе томови - факти кои придонесуваат оваа процентуална застапеност на издавачките проекти на албански јазик драстично да се намали“, рече Ќамил Руфати, претседател на ЗАИ.

Тие се незадоволни што од 88 книги на албански јазик што се поддржани со Програмата, 29 или околу 30 отсто им припаѓаат на физички лица и прашува колку од нив се регистрирани и како правни субјекти автор - издавач.