Иванов му честита на Обама

Илустрација

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов упатил честитка до американскиот претседател Барак Обама по повод инаугурацијата за вториот мандат. Иванов изразува уверување дека Македонија останува стабилен и доверлив партнер и пријател на Соединетите Држави, во насока на севкупните заложби за мир и безбедност, слобода и демократски просперитет на сите народи во светот, како и во активностите насочени против тероризмот и сите други закани врз светскиот мир.