Претседателска кампања во Ерменија со строги правила

Во Ерменија од денеска стартува кампањата за претседателските избори, што се закажани за 18-ти февруари. Пријавени се 8-мина кандидати, кои, според правилата, ќе имаат право на 60 минути за претставување на државната телевизија и 120 минути на радио. Исто така, за време на кампањата, и правото на рекламирање за секој кандидат е лимитирано на 2 часа на телевизија и 3 на радио.