Истрага кај произведувачот на акумулатори за Дримлајнерот

Американски и јапонски претставници вршат истрага во седиштето на компанијата во Кјото, која ги снабдува Боинзите 787, Дримлајнер, со акумулатори. Портпарол на компанијата изјави дека тие целосно соработуваат во истрагата. До ова доаѓа откако сите 50 Дримлајнери во светот беа приземјени, бидејки во некои од нив дојде до проблеми со акумулаторите.