Напад врз државна зграда во Авганистан

Престрелка е во тек во центарот на Кабул. Полицијата соопшти дека бомбаши самоубијци и вооружени лица напаѓаат владина зграда. Шефот на одделот за кривична истрага Мохамед Захир вели дека за сега не се знае дали има жртви во нападот Минатата недела група од шест бомбаши самоубијци ја нападнаа зградата на Авганистанската агенција за разузнавање во центарот на Кабул. Еден стражар загина а десетици беа повредени.