Македонија изгуби од Германија и не влезе во четвртфиналето

Архивска фотографија.

Македонската машка рекометна репрезентација не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналната фаза на Светското првенство во ракомет што се игра во Шпанија, откако попладнево во Барселона е поразена од Германија со 28:23. Освен овој дуел, денеска во осминафиналната фаза на Мундијалот ќе играат и: Бразил – Русија (17:30), Данска – Тунис (20:15) и Исланд – Франција (20:15).