Индија ќе ги преразгледува односите со Пакистан

Границата меѓу Индија и Пакистан.

Индија ќе ги преразгледа односите со Пакистан по неодамнешните престрелки долж нивната меѓусебна граница во Кашмир. Индискиот премиер Манмохан Синг изјави дека ревизијата на односите е предизвикана од неодамнешното „нечовечко убиство“ на идниски војници од пакистанските сили. Зборувајќи на конвенција на владејачката Конгресна партија, Синг рече дека Њу Делхи посакува пријателски односи со Пакистан, но го повика Исламабад да покаже дека сака мир. Најмалку тројца пакистански и двајца индиски војници загинаа во граничните престрелки пред две недели.