Обама денеска положува заклетва за вториот мандат

Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама денеска треба да положи свечена заклетва и официјално да го започне вториот претседателски мандат. Заклетвата ќе ја положи на приватна церемонија во Белата Куќа. За утре е предвидена церемонија за јавно положување заклетва пред американскиот Конгрес на која се очекува да присуствуваат околу 800 илјади луѓе.