Отстранет споменикот на ОВПМБ во Прешево

Отстранување на споменикот на ОВПМБ од центарот на Прешево.

Српската полиција изутрината околу 7 часот го отстрани контроверзниот споменик на расформираната Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац што беше поставен во центарот на Прешево. Во акцијата учествувале околу 200 специјалци. Отстранувањето на споменикот помина мирно, иако имаше најави дека тоа може да предизвика протести. Локалните власти во општината доминантно населена со Албанци претходно го одбија барањето на Белград сами да го отстранат споменикот што беше подигнат минатиот месец. Србија ја смета ОВПМБ за терористичка организација. До тргањето на споменикот доаѓа неколку дена откако ЕУ ја пофали Србија за напредок во нормализирањето на односите со Косово.