Тачи: Србија „де факто“ и „де јуре“ почна да го признава Косово

Србија „де факто“ и „де јуре“ почна да ја признава Република Косово. На северот конечно треба да има ред и закон, треба да има суд, да се спроведат слободни избори и авторитетите на Косово функциите да ги имаат на целата територија на земјата. Ова е ставот на косовскиот премиер Хашим Тачи, по постигнатиот договор со Србија за царината, што го смета за уште еден успех на косовската држава. Тачи, како што пренесува агенцијата Балкан веб, средбата со српскиот премиер Ивица Дачиќ ја оценил како еден добар почеток. Според него, секоја држава има Митровица или проблематичен дел во земјата, но териоријалната целост на Косово, според него, е меѓународно призната и загарантирана.