Боинг прекина со испорака на авиони марка 787

Американскиот производител на авиони „Боинг“ ја прекина испораката на леталата „Дримлајнер 787“ во услови кога експерти ги истражуваат безбедносните проблеми со оваа марка авиони. Фирмата ја соопшти одлуката во петокот, додавајки дека покрај прекинатата испорака, нема да престане производството. Потегот следи откако 50 авиони марка 787 беа приземјени по препорака на воздухопловните власти од повеќе земји.