Бајден во февруари на турнеја во Европа

Американскиот потпретседател Џо Бајден во почетокот на наредниот месец ќе ги посети Германија, Франција и Велика Британија, соопшти денеска Белата Куќа. Со лидерите на тие земји, Бајден ќе разговара за билатерални и за глобални прашања. Предвидено е Бајден да има обраќање и на редовната Минхенска конференција за безбедност.