Лагард: Грција да ја забрза борбата со даночните должници

Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард повторно апелираше до Грција да ја забрза борбата со даночните должници, за која смета, дека се уште нема реални резултати.
Лагард во интевју за атинскиот весник „Етнос“ наведе дека во 2012 година економската програма на грчката Влада не била реализирана поради политичката несигурност во земјата, додавајќи дека сега има колективна политичка волја за нејзина реализација.