Иванов: Отворени сме за дијалог со Бугарија за сите прашања

Македонија е подготвена да разговара секогаш и за секое прашање кое соседна Бугарија го смета за отворено, изјави денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов запрашан во врска со противењето на Софија за одредување датум за почеток на преговорите со Македонија на последниот самит на Советот на ЕУ.
Иванов, денеска во Скопје изрази подготвеност за билатерална средба со неговиот бугарски колега.
.