Вељаноски кани посматрачи за локалните избори

Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски, денеска ги покани првите луѓе на релевантните меѓународни институции, нивни претставници да учествуваат во набљудувањето на локалните избори и за тоа да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за следење на изборите.
Вељаноски упати такво известување и покана до претседателите на Парламентарното собрание на ОБСЕ Рикардо Миљори, на Европскиот парламент Мартин Шулц, на Парламентарното собрание на Советот на Европа Жан-Клод Мињон и на Парламентарното собрание на НАТО Хју Бејли, соопшти собраниската служба за информирање.