Велосипедистот Армстронг призна дека користел допинг

Армстронг во шоуто на Опра Винфри

Ленс Армстронг призна дека користел допинг за време на неговата кариера како велосипедист.
Тој во интервју за Опра Винфри изјави дека не се чувствува лошо поради тоа но дека ке се обиде во иднина да ја врати довербата на луѓето.
Имено, Ленс Армстронг 7 пати ја освои Тур де Франс и нему му беа одземени сите титули во минатиот октомври по извештајот на Анти допинг контролата.
На Армстронг му е одземено правото официјално да се натпреварува и тој ги загуби сите спонзори и го напушти Лајвстронг центарот за борба против рак кој го основаше во 1997 година.