Армстронг призна дека користел допинг

Ленс Армстронг призна дека користел допинг за време на неговата велосипедска кариера. Во позната телевизиска емисија тој рече дека не се чувствува лошо поради користењето дрога за време на неговата кариера, но дека тој ќе го помине остатокот од својот живот обидувајќи се да ја придобие довербата на луѓето. Тој исто така рече дека последниот пат кога користел опојни средства е 2005 и не ги користел по своето враќање во 2009/10. Армстронг беше лишен од сите негови титули по извештајот на Американската антидопинг агенција во октомври минатата година по што му беше забрането да се натрпреварува во триатлони и други спортски дисциплини. Тој изгуби речиси сите негови спонзори и ја напушти добротворната организација за борба против ракот, која ја основа во 1997 година.