Заврши спасувачката операција на заложниците во Алжир

Во операцијата за ослободување на заложници од исламските екстремисти во гасната постројка во Сахара, имало жртви но нивната бројка засега не се прецизира од страна на властите. Киднаперите претходно соопштија дека најмалку 35 странци и 15 екстремисти биле убиени во операцијата на алжирската војска во Сахара. Алжирските специјални сили ја презедоа операцијата за ослободување на заложниците ден откако исламски милитанти зедоа десетици заложници, меѓу кои и странци. Еден ирски инжињер изјави дека видел 4 џипа со заложници кои биле кренати во воздух од алжирските трупи.