Разбиен синџир на трговија со луѓе во Грција

Грчката полиција соопшти дека разбила меѓународен синџир за трговија со луѓе, чии членови со бродови прошверцувале стотина граѓани, најголем број од Сирија, преку Турција во Грција и Италија. Во акција во Атина и на островот Родос уапсени се 14 лица, осум Грци, петмина Сиријци и еден Иранец, а уште 14 се приведени во Турција, Белгија и Германија.
Шверцерската мрежа, предводена од еден од уапсените Сиријци, добивала меѓу 1.200 и 2.500 евра по човек за превоз од Турција во Грција, додека за жени и деца наплатувале половина цена, соопштија грчките власти.