Руски опозиционер се самоубил, откако не му дале азил во Холандија

Руски опозициски активист Александар Долматов.

Руски опозициски активист се самоубил во Холандија откако не му бил одобрен азил, објавија руските медиуми. Портпаролот на руската амбасада во Холандија потврди дека Александар Долматов се самоубил во центар за бегалци, но не даде детали. Сè уште нема официјална информација од холандската полиција. Долматов беше уапсен на опозициски протест во Москва во мај минатата година, но набрзо беше ослободен. Тој ја напушти Русија во еден месец подоцна, откако полицијата упадна во неговиот дом.