Околу 50 илјади луѓе на погребот на убиените курдски активистки

Десетици илјади луѓе во турскиот град Дијарбакир присуствуваат на погребот на три курдски активистки што беа убиени минатата недела во Париз. Медиумите објавија дека на церемонијата присуствуваат околу 50 илјади луѓе. Една од убиените е еден од основачите на забранетата Курдска работничка партија. Сè уште не е утврден мотивот за убиствата.