Германија ќе го враќа своето злато дома

Германската централна банка најави дека ќе ги врати своите количини на злато од САД и од Франција. Германија чуваше дел од своето злато во Њујорк и во Париз во текот на Студената војна поради безбедност од советска инвазија. Бундесбанк најави дека ќе пренесе околу 700 тони злато вредно 36 билиони долари од Париз и од Њујорк во своите трезори во Франкфурт. Само една третина од 3,4 тони злато сега се во Франкфурт. Германија е втора по резерви на злато по САД.