Најсовремениот Боинг 787 ќе биде приземјен во САД

Дримлајнерot Boing 787 привремено ќе биде приземјен во САД. Претставници на авијацијата рекоа дека сакаат да го проценат ризикот на батерискиот погон во најновиот и технолошки најнапреден Боинг. Вестите доаѓаат откако две водечки јапонски авиокомпании ги приземјиа нивните Дримлајнери. Ова се случува откако авион на Ол Нипон Ервејз принудно слета отккао во авионот беше детектиран чад. Во последните неколку недели на Боингот 787 му се случуваат протекување на гориво, компјутерски грешки и ислупаки пилотски прозорци.ПО овој потег на САД и Индија најави приземјување на своите Дримлајнери.