Владата ги предупреди протестантите во Исламабад

Министерот за внатерешни работи на Пакистан ги предупреди антивладините демонстранти кои се собраа во Исламабад дека ќе ги растера додавајќи дека трпението на јавноста и на владата истекува. Минситерот Рахман Малик рече дека проблемот го предизвикува исламскиот свештеник Мухамед Тахир ул Кадри кој неодамна се врати во Пакистан по години поминати во Канада кој ја повикува владата да се повлече нарекувајќи ја неспособна и корумпирана. Министерот за информации рече дека изборите ќе се одржат според планиранотот меѓу 5 и 15 мај.