Фридом хаус: Македонија, делумно слободна земја

Македонија, во најновиот годишен извештај на невладината организација за човекови права со седиште во Вашингтон Фридом хаус, е во групата на делумно слободни земји. Во неа, меѓу другите се и Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Украина и Пакистан. Македонија и во двете сфери: човекови права и со политички слободи е оценета со тројка. Како слобони земји од регионот на Балканот, се оценети Србија, Црна Гора и Хрватска. Во извештајот кој се однесува на 195 земји во текот на минатата година се констатира дека има пад во почитувањето на слободите во светот.