Коњско месо во плескавици во ирски маркети

Месо од коњ е понајдено во плескавици во ирски супермакети, вклучувајќи ги и синџирот на маркети Теско. Агенција за набљудување на квалитетот и безбедноста на храната во Ирска соопшти дека тоа не претставува закана за здравјето на граѓаните но „отвара простор за загриженост“. Синџирот на супермаркети Теско со седиште во Велика Британија се извини за коњското месо во плескавиците и најави дека ќе го повлече производот од британските и ирските супермаркети како мерка на претпазливост.