Руски заем на Бангладеш за оружје и нуклеарна централа

Претседателот на Русија Владимир Путин.

Русија, вториот по големина светски извозник на оружје, ќе му даде кредит од 1 милијарда долари на Бангладеш за купување на руско оружје. Претседателот Владимир Путин го најави заемот по разговорите со премиерот на Бангладеш Шеик Хасина денеска во Москва. Путин не кажа каков вид на воена опрема Бангладеш сака да купи од Русија.

Москва, исто така, ќе обезбеди посебен заем од 500 милиони долари за да и помогне на оваа земја да ја изгради својата прва нуклеарна централа. Изградбата на фабриката од страна на државната руска корпорација за атомска енергија Росатом, треба да започне во почетокот на 2014 година.