Христофиас - Мерките за штедење ќе го уништат социјалното ткиво на Европа

Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас.

Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас ја критикува Европската унија за непопустливоста кон мерките за штедење, кои според него ќе го уништат
социјалното ткиво на континентот, јави ДПА. „Мое цврсто убедување е дека едностраните мерки за штедење се гарантиран рецепт за неуспех, што само успева да ги направи богатите побогати и сиромашните посиромашни“, изјави Христофиас пред европратениците во Стразбур, во своето обраќање за кипарското претседателство.