„Сојузот на иднината“ продолжува со блокирање раскрсници

Архивска фотографија.

Коалицијата „Сојузот на иднината“ предводен од СДСМ денеска од 12 до 12:30 часот ја блокираше крстосницата кај „Симпо“, меѓу улиците „Партизанска“ и „Рузвелтова“. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски изјави дека по настаните на 24 декември, Собранието го изгубило својот легитимитет и затоа опозицијата ќе продолжи да ги брани интересите на граѓаните надвор од институциите.