Бритиш Ервејз ги прекршил религиозните права на вработените

Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на една вработена во Бритиш Ервејз, христијанка, на која и било наредено да го отстрани крстот, кој го носела додека е на работа. Надиа Евида, во ноември 2006-та, била испратена дома откако не го прифатила правилото на компанијата дека вработените не смеат да носат видливи религиозни симболи. Судот во Стразбур пресуди дека Бритиш Ервејз ги прекршил нејзините религиозни права.