Американски дипломат во посета на Туркменистан

Американскиот помошник државен секретар Роберт Блејк, денеска во Ашгабат ќе разговара со државниот врв на Туркменистан, пред се, за регионалната безбедност, странските инвестиции во таа земја, како и за состојбата со човековите права. Утре, Блејк ќе го посети и Киргистан, каде што американците користат една воена база, како логистика за снабдувањето во Авганистан.