Уапсен осомничениот за експлозиите во Загреб

Полицијата во хрватскиот град Сплит го уапси мажот кој се претставуваше како „командант Шамил“, под сомневање дека јавно поттикнувал тероризам, јавија хрватските медиуми. Дамир М. од Трогир е утврден како човекот кој се претставуваше како „командант Шамил“. Тој објави на „ЈуТјуб“ запис во кој тврди дека левото „Движење на отпорот“ е одговорно за експлозиите минатата седмица во Загреб, и повика за нови напади во хрватската престолнина.
Полицијата не објави повеќе детали за уапсениот.
Во Хрватска во минатата недела беа подметнати две експлозии, едната на пруга кај Загреб, и другата два дена подоцна во центарот на главниот град.