По протестите на сунитите, ирачката влада ослободува затвореници

Затвореници во затворот ал-Русафа во Багдад чекаат ослободување.

Ирачката влада ослободи околу 200 затвореници како знак на добра волја кон сунитите кои протестираат неколку недели против, како што велат, дискриминацијата кон нив од доминантно шиитската влада. Само оваа недела владата ослободи 335 затвореници. Многумина се ослободени откако владата утврди дека казната им истекла, а за оние кои се ослободени од притвор е утврдено дека нема доволно докази за обвинение. Демонстрантите бараа ослободување на притворените по основ на анти-терористичкиот закон, за кој многумина сунити тврдат дека е насочен кон малцинските религиозни групи. Демонстрантите исто така бараат оставка од ирачкиот премиер Нури ал-Малики.