Ситуацијата на северот на Косово и натаму е загрижувачка

Шефот на ЕУЛЕКС во заминување Гзавие де Марњак.

Шефот на ЕУЛЕКС во заминување Гзавие де Марњак и неговиот наследник Бернт Борхарт, денеска во Брисел изјавија дека ситуацијата на северот на Косово и натаму е загрижувачка и ги отфрлија бројните критики на сметка на европската правосудна мисија. Стариот и новиот шеф на ЕУЛЕКС рекоа дека сметаат дека е премногу рано да се намали присуството на единиците на КФОР на Косово, иако признаа дека некои членки, особено Германија, се нетрпеливи да ги вратат своите војници дома.