Исламистите во Мали освоија град и покрај француската интервенција

Илустрација: Пожар на пазар во Бамако на 12 јануари 2013 година.

Исламистичките милитанти во Мали го освоија градот Диабали на 400 километри од главниот град Бамако и покрај жестокиот отпор од армијата на Мали и бомбардирањето од француските авиони. Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан изјави дека милитантите поврзани со Ал Каеда се повлекуваат во источните области, но призна оти се соочуваат со тешкотии на западот на Мали. Франција ја почна воената интервенција во Мали во петокот во обид да го спречи напредувањето на милитантите кон Бамако. Во Мали се распоредени околу 550 француски војници. Париз побара состанок на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Мали.