Двајца француски командоси загинаа во неуспешна мисија во Сомалија

Сомалија: Архивска фотографија.

Исламистичките бунтовници во Сомалија соопштија дека втор француски командос починал од раните здобиени во неуспешниот обид за ослободување заложник. Портпаролот на исламистичката организација ал-Шабааб за новинската агенција Ројтерс изјавил дека бунтовниците подоцна ќе ги прикажат телата на убиените командоси. Француските власти ја потврдија смртта и на вториот командос. Специјалците во петокот вечерта во јужна Сомалија се обидоа да ослободат француски разузнавач кој е во заробеништво од 2009 година. Милитантите велат дека заложникот е сè уште жив и дека треба да одлучат што да прават со него, но француските власти соопштија дека веруваат дека и тој загинал во акцијата. Тие велат дека во нападот, кој почна неколку часа по француската интервенција во Мали, биле убиени 17 сомалиски милитанти.