Карзаи: имунитет за американските војници

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека за неколку месеци ќе биде донесена одлуката за имунитетот на американските војници кои ќе останат во Авганистан и по 2014 година. На денешната прес конференција во Кабул, по минатонеделната посета на Вашингтон, Карзаи изјави дека авганистанската влада ги отфрлила првичните американски предлози околу оваа прашање, но оти ќе се одржат преговори за да се надминат недоразбирањата.