Закани за активистка за правата на Македонците во Грција

Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора

Евгенија Нацилиду, активистка за правата на Македонците и претставник на Обединетата македонска дијаспора за Грција се соочува со медиумски притисок и закани по нејзината посета на САД и на Канада, каде што зборуваше за дискриминацијата против Македонците во оваа земја. Нацилиду деновиве поднесе тужба против грчкиот неделен таблоид Прото Тема поради текстот објавен во декември во кој таа е обвинета дека со валкани пари водела иредентистичка пропаганда против Грција. Нацилиду, која е коосновач на македонскиот културен центар во Воден, добила и смртни закани преку социјалните мрежи поради нејзината активност за правата на Македонците.