Нов контингент на АРМ во Авганистан

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи свеченост по повод испраќањето нов контингент на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. На свеченоста обраќање ќе има министерот за одбрана на Македонија Фатмир Бесими.
Во 14-тата ротација, во Авганистан ќе заминат 157 припадници на АРМ кои во наредните шест месеци ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул. За досегашното беспрекорно и професионално извршување на задачите, македонските војници добија највисоки оценки од командата на ИСАФ.