Вооружен напад врз седиштето на Нова демократија во Атина

Две непознати лица на мотоцикл синоќа пукале врз седиштето на партијата Нова демократија во Атина, јавуваат грчките медиуми, повикувајќи се полициски извори кои наведуваат дека на местото биле пронајдени девет чаури од автоматска пушка „калашњиков“. Портпаролот на грчката Влада Симос Кедикоглу изјави дека куршум бил пронајден и во канцеларијата на премиерот Андонис Самарас, нагласувајќи дека целта на напаѓачите била токму просторијата на премиерот.