Националната косовска телевизија отвора втор канал на српски јазик

Логото на Радио и телевизија Косово.

Радио и телевизија Косово (РТК) до 17 февруари ќе почне да емитува втор канал за малцинствата, чија програма ќе се прикажува главно на српски јазик. Каналот РТК2 ја доби дозволата за емитување пред два дена, а во него ќе бидат вработени 90 луѓе. Според генералниот директор на РТК Сулејман Шаќири, за емитувањето на вториот канал е сè подготвено освен техничкиот персонал, што исто така ќе биде решено во најбрз период.