Бунтовнички напади во Ирак, четворица загинати

Архивска фотографија.

Тројца ирачки војници и едно седумгодишно дете биле убиени во денешните бунтовнички напади во земјата. Вооружени луѓе нападнале контролен пункт близу до Самара и убиле тројца војници, а двајца биле ранети. Во експлозија на мина во градот Фалуџа загина 7-годишно дете, а тројца полицајци се ранети.