Експлозија на мина во Пакистан, 14 војници загинаа

Илустрација.

Во експлозија на мина во северозападен Пакистан загинаа 14 пакистански војници, соопштија локалните власти. Во експлозијата во градот Мираншах во провинцијата Северен Вазиристан биле ранети 20 војници. Пакистанската армија ја потврди експлозијата, но соопшти дека има четири загинати и 11 повредени војници.