Три милиони муслимани на молитва во Бангладеш

Архивска фотографија: Луѓе патуваат кон Дака на Светската муслиманска конгрегација во 2010 година.

Околу три милиони луѓе учествуваат на вториот по големина муслимански ритуал во светот на бреговите на реката Тураг во близина на главниот град на Бангладеш, Дака. Индиски свештеник ја одржува молитвата на Бисва Иџтема или Светската муслиманска конгрегација. Овој неполитички настан кој започна во 1966 година има за цел да ги промовира мирот и разбирањето преку молитва. По аџилакот во Мека, ова е втор по големина муслимански годишен собир.