Протести против анти-американскиот закон во Москва

Неколку илјади демонстранти излегоа на протестен марш во центарот на Москва против неодамна донесениот закон со кој им се забранува на американски државјани да посвојуваат руски деца. Демонстрантите носат транспаренти со кои се бара распуштање на Думата и извикуваат дека законот е срамен. Протестот го обезбедуваат околу 4.000 полицајци. Демонстрантите поминуваат низ детектори за метал да стигнат до местото каде што се протестира. Властите одобрија учество на 20 илјади луѓе на демонстрациите што се одржуваат и покрај многу студеното време. Руските пратеници го донесоа контроверзниот закон како одговор на тоа што САД донесоа закон за санкции против руските државјани кои се вклучени во кршење на човековите права.